Шкупи гостува кај разиграните „пандевци“, Беласица првата победа ќе ја брка во Струга

Академија Пандев конечно се издигна од проблемите кои ја влечеа на стартот од новата сезона во Првата македонската фудбалска лига, но по победата над Силекс и ремито со Работнички, следуваше репрезентативна пауза, па сега струмичани против фаворизираниот Шкупи ќе пробаат да се вратат во ритам во домашниот шампионат. 

Чаирчани играат солидно во новата сезона, а иако имаа неочекувано рана промена во тренерската позиција на последните пет натпревари имаат три победи и два порази. Во Струмица ќе гостуваат со желба за победа и одмазда за ланскиот пораз на „Чаир“ по кој беа елиминирани од Купот на Македонија.

  • Последните пет натпревари меѓу Академија Пандев и Шкупи:

04.03.20 Куп Академија Пандев - Шкупи 1-1
04.12.19 Куп Шкупи - Академија Пандев 0-1
27.11.19 ПМФЛ Шкупи - Академија Пандев 3-1
22.09.19 ПМФЛ Академија Пандев - Шкупи 0-0
24.04.19 ПМФЛ Шкупи - Академија Пандев 1-0

Вториот струмички тим во мак-елитата, Беласица сè уште е единствен без победа во новата сезона, а нова шанса за тоа ќе има на гостувањето кај цврстиот тим на Струга Трим Љум. Нивниот дуел во Струга ќе биде прв на едно официјално натпреварување, па сигурно тоа ќе биде мотив плус за двете екипи да ги соберат посакуваните три бода.