ВИДЕО: Шкупи го преживеа Кратово, Илијоски со „проектил“ донесе реми за чаирчани!

Фудбалерите на Шкупи успеаја да го преживеат тешкото гостување во Кратово, откако во рамки од 23. коло на ПМФЛ, одиграа 1-1 против Силекс, во единствениот меч со голови од денешната програма на мак-фудбалот. Избраниците на Жикица Тасевски одиграа поквалитетен натпревар, поведоа уште од самиот старт, но искуството на Баже Илијоски му донесе ново реми на Шкупи, трето во последните три кола. 

Гостите од Скопје, иако најавија дека уште од самиот старт ќе атакуваат на трите бода, мечот во Кратово го започнаа во грч и му дозволија на домаќинот по само 11 минути игра да поведе со 1-0. Голема радост на кратовчани им донесе Бразилецот Антонио Маркос де Оливеира Жуниор, кој на асистенција на левиот бек Дејан Благојевиќ, со глава го матира Суат Зендели (1-0).

По примениот гол, Шкупи заигра како што се очекуваше, а искусниот Баже Илијоски ја пропушти првата шанса за израмнување. Гостите полека, но сигурно ја „плетеа мрежата“ околу голот на Милан Митровиќ, па стигна нова шанса, овој пат непрецизен со глава беше дефанзивецот Мухарем Бајрами. Сепак, во финишот од првиот дел стигна наградата за одличната игра на чаирчани, откако најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ Илијоски лансира „проектил“ кон домашниот гол, кој од десната статива заврши зад грбот на немоќниот српски голман (1-1).

На стартот на вториот дел малку фалеше Силекс повторно да поведе. По десната страна незгоден центаршут упати Александар Пановски и кога сите ја видоа топката во голот на чаирчани, Зендели со фантастична интервенција спаси нова негатива за својот тим. 

Кратовчани продолжија со офанзивната игра, а Стојан Стојчевски во 65. минута ја имаше шансата на мечот, кога со прецизен удар со глава го совлада Зендели, но еден од дефанзивците на Шкупи реагираше на самата гол линија и спаси чист гол за кратовчани. 

По оваа шанса на Силекс, гостите тргнаа во контра напад и сам пред домашниот голман излезе Илијоски, но токму Стојчевски со лизгачки старт го спречи залетаниот голгетер на Шкупи, по што гостите бараа пенал, но Ставрев не ја прекина играта.

До крајот на мечот Шкупи ја имаше иницијативата, но во 92. минута малку фалеше Силекс да стигне до херојски победа, откако Милош Ѓорѓевиќ иако небранет од никого шутираше над голот на Зендели. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 17 10 5 2 26:9 17 35
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 17 7 6 4 18:12 6 27
3 ШкендијаШкендија 17 8 3 6 28:11 17 27
4 СилексСилекс 17 7 3 7 18:19 -1 24
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 17 5 8 4 18:16 2 23
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 17 6 5 6 17:21 -4 23
7 ШкупиШкупи 1 17 5 7 5 18:18 0 22
8 БорецБорец 1 17 5 4 8 13:25 -12 19
9 РеноваРенова 1 17 4 4 9 13:27 -14 16
10 РаботничкиРаботнички 17 4 3 10 13:24 -11 15