Шкупи го прекина постот без погодок и ремизираше против Черноморец Одеса

Шкупи насловна

Екипата на Шкупи ремизираше против Черноморец Одеса од Украина (1-1) и конечно успеа да ја затресе противничката мрежа на подготовките во Анталија.

Чаирчани постигнаа гол преку зимското засилување од Шкендија, Стефан Вујчиќ, кој одговори на водечкиот погодок на Украинците преку Мусолитин. По две реми средби без голови против Карабах и Стал, како и поразот од Челик пред два дена, фудбалерите на Ардијан Нухиу денес ја прекинаа лошата серија без погодок на пријателските средби во Турција.

До крајот на подготовките, македонскиот прволигаш ќе одигра уште еден натпревар против руски Анжи на 4 февруари.