Шкупи го потврди Седлоски: „Мајсторот останува со нас“

Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Шкупи се подготвува за квалификациските натпревари во рамките на Лигата на шампионите. Како првак на земјава, чаирчани ќе играат во првото претколо, а за ривал го добија Линколн Ред Импс. 

Иако веќе беше јасно дека нема да има промени на клупата, од таборот на Шкупи преку социјалните мрежи го потврдија останувањето на Гоце Седлоски. Младиот тренер врши одлична работа на клупата, веќе го поведе тимот во подготовките за новата сезона, па поради тоа не беше ниту под знак прашалник дали ќе остане во Шкупи. 

Шкупи е на подготовки во Турција, утре го очекува тест против гигантот Фенербахче, а доколку го мине гибралтарскиот ривал во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе налета на Динамо Загреб. Амбициите на чаирчани се високи, па поради тоа напорно се работи и на засилување на ростерот кој Седло го има на располагање.