Шкупи го одработи првиот тренинг во Анталија, ќе тестира неколку фудбалери

Екипата на Шкупи синоќа го одработи првиот тренинг од подготовките во турскиот туристички центар во Анталија. Тренерот Умит Каран веднаш по слетувањето од авион и сместувањето во хотелот „Аска Лара Ресорт" ги испрати фудбалерите на терен, каде ги подели првите совети и одработи првата тренинг сесија. 

Како што информираат од клубот, на овие припреми ќе бидат тестирани неколку фудбалери, кои доколку ги задоволат барањата на стручниот штаб ќе го засилат тимот.

Чаирчани уште од в недела ќе започнат и со контролни натпревари. Прв ривал им е Сепахан (Иран), а потоа ќе се сретнат со Јаши од Романија, МТК и Сараево на нашиот Крсте Велкоски.