Шкупи го комплетира стручниот штаб со турски тренер од Штутгарт Кикерс

Екипата на Шкупи донесе ново име од Турција со кое го комплетира стручниот штаб. Умит Шахин ќе биде тренер на голманите во клубот.

46-годишникот има искуство од Германија каде девет години работеше во екипата на Штутгарт Кикерс. Со ангажманот на Шахин, комплетиран е стручниот штаб на тренерот Ердем Алпарслан.

Муарем Муарем ќе му биде асистент, а Минас Османи, Емре Инан, Ферид Весели и Енес Ќаили ќе бидат исто така дел од тимот кој ќе биде на клупата.

Шкупи почна со подготовки за пролетниот дел од сезоната, а досега донесе три нови имиња.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.