Шкупи ги откри новите фудбалери: Јапонец и Сенегалец пристигнаа во Чаир

Македонскиот прволигаш и поранешен шампион, Шкупи, на само еден ден пред почетокот на новата сезона во ПМФЛ објави нови шест засилувања за тимот. 

Чаирчани беа малку пасивни во летниот преоден рок, но на самиот крај ги објавија трансферите на неколку играчи кои треба да претставуваат солидно пополнување на ростерот. Во Шкупи пристигнаа Кристијан Блажевски, Емир Асани, Флориан Кадриу, Јапонецот Канда Јумеми, Демир Имери и Сенегалецот Ел Хаџи Геје. 

Блажевски е лев бек кој пристигнува од словенечката Крка, додека Асани се враќа на Чаир послe периодот минат во тимот на Арсими. Флориан Кадриу е исто така повратник во тимот, откако настапуваше за Шкупи во сезоната 2016/17. Ново име во клубот е и Демир Имери, кој доаѓа од узбекистанскиот клуб, Андијан. 

Јапонецот Канда Јумеми e играч од средниот ред, кој минатите две сезони ги мина во тимот на Хонк Конг Ренџерс, додека Сенегалецот Ел Хаџи Геје во своето портфолио има настапи за познати клубови како белгискиот Мускрон и францускиот Лил

Шкупи ја започнува сезоната во ПМФЛ со натпреварот против Воска Спорт, дуел кој е закажан за единаесетти август, со почеток во 17:00 часот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.