Шкупи донесе двајца млади играчи од Гостивар

Македонскиот прволигаш Шкупи донесе две нови имиња во својот тим и потпиша договори со Ардит Илјази и Џемаил Есати.

Двајцата потпишаа четиригодишен договор со чаирчани. Илјази и Џемаили во Шкупи доаѓаaт од екипата на Гостивар. Двајцата имаат по 18 години. Илјази е Стопер а игра и десен бек, додека Есати играч од среден ред . 

„За мене е посебно чувство да бидам дел од Шкупи и горд сум што ќе го носам дресот на овој тим. Како млад играч во голем клуб, се надевам дека ќе ја добијам довербата на тренерот и верувам во постигнување на добри резултати заедно со соиграчите и екипата“, изјави Илјази.

Слично размислува и Есати, кој вели дека е среќен што постигнал договор со чаирчани. 

„Чувството да потпишеш со Шкупи е нешто посебно и многу сум среќен што постигнав договор со клубот кој има славна историја со многу освоени трофеи. Во Шкупи има добра атмосфера од страшните навивачи „Шверцери“ и едвај чекам да дебитирам со тимот да го дадам најдоброто од себе“, истакна Есати.

Шкупи по елиминацијата од Европа се фокусира на домашната сцена, а до стартот на шампионатот кој е закажан на 11 август ќе одигра уште две пријателски средби.