Шкупи се сели во Тетово, Победа ќе игра на „Младост“ во Струмица

Екипата на Шкупи продолжува да ги игра своите натпревари надвор од „Чаир“ и наредниот дуел против Скопје ќе го игра на Градскиот стадион во Тетово.

Теренот на скопскиот прволигаш се уште се реконструира и се подготвува. Претходно, тимот беше приморан да игра на „Борис Трајковски“ во Маџари, а новиот „дом“ ќе биде Тетово, каде Шкупи за првпат ќе игра натпревар од Првата лига.

Со оглед на тоа што Шкендија исто така ќе биде домаќин во ова коло, дуелот меѓу Шкупи и Скопје е закажан за в недела.

Победа, пак, ќе биде домаќин на Работнички во Струмица. Двете екипи ќе се судрат на стадионот „Младост“. На останатите средби нема промени - Академија Пандев на „Кукуш“ ќе игра против Пелистер, додека Вардар на „Филип Втори“ ќе се соочи со Ренова.

Натпреварите од новото коло во ПМФЛ ќе се играат в сабота со почеток од 14.00 часот.