• Мартин Танасковски
Екипата на Шкупи ќе добие нов тренер за следните предизвици затоа што си замина актуелниот предводник Матија Мирков.
По само неколку кола како прв тренер на чаирчани, Мирков реши дека е време за крај. Донесе одлука по мечот против Работнички (1-2), а со Шкупи се збогува преку социјалните мрежи каде истакна благодарност за довербата.
Мирков беше дел од Шкупи скоро четири години, како тренер и член на стручниот штаб. Шкупи е далеку од врвот во ПМФЛ, се наоѓа на седмото место и по осум кола има девет освоени бода.
Во последните пет кола во ПМФЛ, Шкупи има само една победа над првакот Струга (0-3).