Шкупи доби нов тренер од Турција, Акин е наследникот на Каран

Македонскиот прволигаш Шкупи доби нов тренер и во наредниот период ќе биде предводен од Булент Акин.

Се работи за 41-годишен стратег по потекло од Турција, а роден во Брисел, Белгија. Тој го водеше тимот на тест-мечот со Беса, на кој Шкупи славеше со убедливи 5-1. На тренерското столче тој доаѓа на местото на Умит Каран.

Шкупи и Акин потпишаа едногодишен договор. Акин како фудбалер играше за клубови во Турција, меѓу нив и Галатасарај. Како тренер, пак, нема големо искуство.

Официјалното деби во Шкупи, Акин ќе го има на 14 септември против Силекс.