ВИДЕО: Шкупи чука на портите на Европа и го закова Пелистер на дното!

Фудбалерите на Шкупи продолжуваат со позитивните резултати во завршницата од Првата македонска фудбалска лига. Попладнево тимот од „Чаир“ во рамки од 35. коло извојува лесна гостинска победа над Пелистер (0-2) и ги задржа шансите за пласман на четвртото место (место кое води во квалификациите за Лига Европа само во случај ако Шкендија извојува триумф над Пелистер во финалето на Купот на Македонија).

Од другата страна пак, Пелистер по овој неуспех се закова на дното на табелата и во последното коло само вистинско чудо може да го спаси од испаѓање во понизок ранг. 

По неколкуте претпазливи минути без многу фудбалски моменти, пелистерци први се заканија и преку удари од далечина на Ристе Маркоски и Димче Ристевски имаа шанси да донесат домашна радост. Сепак, ударот на Маркоски заврши над голот, додека искусниот Зендели со фантастична парада го скроти ударот на битолскиот ветеран. 

По неколкуте шанси на Пелистер, фудбалерите на Рамадани ги консолидираа своите редови и тежиштото се префрли на половината на домашната екипа. Тоа вроди со плод во 29. минута, кога некогашниот член на Пелистер, Баже Илијоски со еврогол од над 25 метри го матира младиот Дарко Атанасовски и на Шкупи му донесе водство од 0-1. 

Не минаа ниту 10 минути, а чаирчани веќе имаа водство од 0-2. Нова гостинска радост донесе Омер Имери, кој по одлична тимска акција и перфектна асистенција на Броја, од неколку метри ја смести топката во битолската мрежа. 

На полувреме се замина со сигурно водство на Шкупи, а по само неколку секунди во вториот дел истото можеше да биде зголемено, но волеј-ударот на Илијоски заврши високо над домашниот гол. 

Домашниот стратег Неџат Хусеин направи брзи две замени и во игра ги внесе Благојче Марковски и Бобан Здравевски, но ниту тие не успеаја да ја подобрат лошата слика на домашниот тим, кој во продолжението речиси и да немаше ниту една шанса пред голот на Зендели. Шкупи искусно го чуваше резултатот, свесно се повлече на својата половина и преку контра напади пропушти неколку можности за уште поубедлива победа. 

Во следното коло кое е и последно од оваа сезона Пелистер ќе гостува кај шампионот и противникот во Куп-финалето Шкендија, додека Шкупи на свој терен го  пречекува тимот на Вардар. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 9 7 2 0 14:4 10 23
2 ШкендијаШкендија 1 9 4 4 1 18:11 7 16
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 9 5 1 3 12:9 3 16
4 РеноваРенова 1 9 3 2 4 11:11 0 11
5 ПобедаПобеда 1 9 3 2 4 6:8 -2 11
6 РаботничкиРаботнички 9 3 2 4 12:18 -6 11
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 9 2 4 3 8:7 1 10
8 БеласицаБеласица 1 9 2 4 3 7:10 -3 10
9 СилексСилекс 9 1 4 4 6:11 -5 7
10 ШкупиШкупи 9 1 3 5 6:11 -5 6