ВИДЕО: Шкупи царува во Ерменија - два гола, пресврт и водство против Пјуник

Првите вибрации од Ерменија се позитивни - Шкупи води по првиот дел против Пјуник со 1-2 и тоа со пресврт, откако прими гол од пенал во раната фаза.

Екипата на Умит Каран се надмина себе си и со два инвидуални потези стигна до предност. Најнапред, Бајрами директно од слободен удар откосо го изненади домашниот голман Драгојевиќ.

Кога се предвидуваше реми на полувреме, по корнерот на Жуниор, прилепчанецот Дарко Илиески беше најснаодлив и ја затресе мрежата на Пјуник за 1-2. 

  • Голот на Вардариан за 1-0:
  • Голот на Бајрами за 1-1: 

Голот на Илиески за 1-2:  

Поставена е база за добар резултат пред реваншот и ако вака продолжат, чаирчани уште на првиот натпревар од второто коло на Лига Европа ќе обезбедат залиха за пласман во третото коло.