Шкупи брка „минус два“ против Шамрок во Скопје

Македонскиот првак Шкупи доживеа пораз во Ирска од Шамрок Роверс (1-3) и на домашен терен ќе брка негатива од два гола. Несреќно примениот гол во екстра-времето го направи реваншот за тимот на Седлоски двојно потежок, но Шкупи нема да се откаже и ќе се обиде да ја анулира негативата со ирскиот шампион во битката за плеј-оф во Лигата на Европа.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Шкупи и Шамрок Роверс

Чаирчани со низа проблеми пристигнаа во Ирска, губеа со 0-2, но еден фантастичен гол на Бразилецот Куевен од дваесет и пет метри ги врати во игра. Сепак, следеше црвен картон за Валид Хамиди, па Шамрок ја искористи бројчаната предност на теренот и со гол на О’Нил во 98. минута си обезбеди добра залиха пред реваншот на Арената „Тодор Проески“. Во меѓувреме, Шкупи остана без крилниот играч Мамаду Данфа. Со Сенегалецот се раскина договорот, иако претходно се тврдеше дека тој не е во составот поради повреда која настанала пред реваншот со Динамо Загреб. Како негова замена во тимот е ангажиран Алберт Ламане Диене, исто така играч од Сенегал, кој дојде од АСЦ Јарааф по првото европско искуство во Македонија.

Тренерот Стивен Бредли ќе располага со истиот тим на Шамрок Роверс. Ирците се веќе пристигнати во Македонија, а ги имаат сите играчи на број. Истиот тим од првиот натпревар ќе биде во комбинација за настап, а се очекува Грахам Бурк во нападот да го има главниот збор. Исто така тука е и Дилан Ватс. Интересно, сите играчи кои настапија на првата средба беа од Република Ирска, со исклучок на голманот Алан Менус кој е од Северна Ирска. Кај македонскиот тим, за разлика од претходно, се очекува на десната бековска позиција да се врати Владица Брдаровски како стартер. Крилниот играч не стартуваше во Даблин поради ситна повреда, Гоце Седлоски мораше да менува во дефанзивата и поради суспензијата на Блертон Шеји поради картони, па тоа се одрази и на резултатот. Две дефанзивни грешки на Ирците им донесоа два гола. Нема да е изненадување ако Шеји добие предност во стартниот тим, пред новајлијата Бесир Демири, па одбраната на Шкупи повторно ќе го има стариот изглед.

Квоти за останатите натпревари во Лигата на Европа

Шкупи на домашен терен ќе ја брка првата победа на еден македонски претставник против тим од Република Ирска. Низ историјата имаше уште два македонско-ирски дуели – Слога Југомагнат против Шелбурн (0-1 во Скопје, 1-1 во Даблин).

Подобриот од овој двомеч во плеј-офот за Лигата на Европа ќе игра со Ференцварош или Карабах, додека поразениот патува во плеј-офот за Конференциската лига каде ќе чека косовски Балкани или фарски Клаксвик.