• Мартин Танасковски
Екипата на Шкупи го користи времето додека е активен преодниот рок во македонскиот фудбал и потпиша договор со уште двајца нови фудбалери.
Членови на „гулабите“ од Чаир се Андреј Лазаров и Бесмир Даци. Лазаров има 24 години, игра во средниот ред, а доаѓа од Хрватска каде го носеше дресот на Горица. Настапуваше и за Рудеж, Тиквеш, Работнички и Металург.
Бесмир Даци доаѓа од Беса Добридол, има 19 години и игра на десната крилна позиција. Од Шкупи им посакаа добредојде и изразија задоволство од договорената соработка.