• Горан Упале
Еден од најголемите фудбалски ривалитети во светот ќе биде лишен од гостински навивачи во текот на целата сезона. Селтик и Ренџерс добија драстична казна од шкотската лига, која важи за нивните меѓусебни дуели во првенството и Лига-купот.
Одлуката доаѓа по големите инциденти во март, кога по дербито на „Ајброкс“ избувнаа сериозни нереди, при што била загрозена и безбедноста на луѓето. Клубовите првично беа казнети со по еден натпревар пред празни трибини.
Нов проблем настана околу распределбата на гостинските билети за дербито закажано за 13 септември. Ренџерс наместо првично предвидените 2.500 билети му понуди на Селтик само 300, што „зелено-белите“ го одбија.
Бидејќи клубовите не успеаја да постигнат договор, следуваше најтешката можна санкција, целосна забрана за гостински навивачи на сите „Олд Фирм“ дербија до крајот на сезоната.




