ВИДЕО: Шкотски танц во Торино за победа по пет кола во Серија А

Екипата на Торино ја прекина кризата во калчото и освои три бода со Каљари (2-0), за прва победа по пет кола без успех во рамки на Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

„Биковите“ имаа четири нерешени во низа, но тимот покажа карактер против ривалот од Сардинија и ги освои важните три бода за бегство од ривалите во долниот дел на табелата во најдобрата лига на „чизмата“.

Шкотско шоу имаше напаѓачот Че Адамс, кој двапати го егзекутира противничкиот голман. Првиот гол играчот на Торино го постигна во 6. минута, а потоа во листата на стрелците се запиша и во 61. минута. Домаќинот имаше и трет гол преку Валентино Лазаро, но ВАР го поништи заради офсајд.

Торино во следното коло гостува кај Аталанта, додека Каљари го чека домашен меч со Лацио.

Состави

Паоло Ваноли

4-4-2

    Давиде Никола

    4-4-1-1