Шкотски премиерлигаш застана во редот за потписот на Бојан Миовски

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски нема да го носи дресот на МТК следната сезона. Клубот од главниот унгарски град испадна од елитата, па веројатно покрај клубот, штипјанецот ќе го смени и шампионатот.

По неговите два гола во вчерашната победа против Гибралтар, интерес за Миовски покажа шкотскиот премиерлигаш Абердин. Поранешниот освојувач на Купот на Куповите застана во редот за македонскиот ас и одеднаш е фаворит за неговиот потпис, јавуваат унгарските медиуми. 

Покрај Абердин, за Миовски се интересираат и клубови од Германија и Полска и белгискиот Еупен, кој прв го контактираше фудбалерот пред неколку недели. 

22-годишникот беше во ростерот на Благоја Милевски за Европското првенство, а во текот на сезоната која штотуку заврши одигра триесет натпревари, постигна осум гола и запиша три асистенции.