• Горан Упале

На повидок е уште еден трансфер на македонски репрезентативец во Шкотска, откако екипата на Хиберниан ја разгледува опцијата да го ангажира Јани Атанасов.
25-годишниот играч за врска е една од желбите на клубот од „Истер Роуд“. Атанасов и оваа сезона бележи одлични партии во дресот на Краковија, како и за националниот тим. Досега за Македонија одигра 22 натпревари и постигна три гола. Неговиот договор со полскиот тим истекува налето.
Македонецот својата кариера ја започна во Академија Пандев, а потоа се пресели во Турција во тимот на Бурсаспор, од каде го засили хрватски Хајдук Сплит. Своевремено Атанасов беше поврзуван со Селтик уште во 2022 година.
Репрезентативците на Македонија во последните сезони добро се снајдоа во Шкотска. Бојан Миовски блескаше во дресот на Абердин, а оваа сезона во Данди настапуваат Трапановски и Бабунски.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.