Шкотската лига и официјално завршена, Селтик крунисан за нов шампион

Фудбалскиот сојуз на Шкотска донесе конечна одлука да не се играат натпревари во рамки од домашното првенство. Тоа им овозможи на фудбалерите на Селтик да се израдуваат на деветтата титула во низа.

Во периодот на пандемија, сите европски лиги беа под притисок да донесат конечна одлука околу остатокот од сезоната. УЕФА им даде рок до 25 мај, а некои од нив, како што е случајот со шкотскиот шампионат, се откажаа и одлучија да не ја комплетираат сезоната.

Лоши вести од оваа одлука добија фановите на Хартс, клуб кој наредната сезона ќе игра ранг подолу.

Конечниот пласман на првите три дивизии во Шкотска беше одлучен со системот „поени по натпревар“.