Миовски „закован“ на клупа, Ренџерс пак го совлада Селтик!
Во големото и секогаш неизвесно шкотско „Олд Фирм“ дерби, Глазгов Ренџерс оствари важна победа на гостувањето кај својот најголем ривал, Селтик, со минимални 0-1 (0-1). Ова е втора победа во една недела за „полицајците“, откако пред една недела го елиминираа најголемиот ривал од Лига Купот на Шкотска.




