ВИДЕО: Шкотска рутински ја совлада Молдавија и го завери баражот за СП

Фудбалската селекција на Шкотска ја продолжи серијата победа во мундијалските квалифиакции и со вечерашните три бода на гости кај Молдавија по завери учеството во баражот за собирот во Катар, следната година.

Островјаните во нивниот клучни натпревар во квалификациите, одиграа квалитетно против аусајдерот и со сигурна игра и победа од 0-2 не дозволија изненадување во своето последно гостување во оваа фаза. 

  • Извештај од натпреварот:

Младиот ас на Глазгов Ренџерс, Нејтан Петерсон со погодок во 38. минута го отвори резултатот и донесе водство за Шкотска од 0-1, додека еден од најдобрите фудбалери во тимот, Че Адамс во 65. минута стави точна на натпреварот и ги постави конечните 0-2.

Со оваа победа Шкотска и математички го обезбеди второто место во групата со 20 бода, веднаш зад лидерот Данска, кој е во фантастична форма од осум победи од исто толку натпревари и гол разлика од 27-0.

Состави

Roberto Bordin

5-3-2

    Steve Clarke

    3-4-2-1