Шкотска и Словенија ги открија адутите: Се враќа Мектоминеј, го нема Шешко

Шкотска и Словенија ги објавија списоците на фудбалери на кои ќе сметаат за последните натпревари во Лигата на нации, во кои меѓу противниците ќе биде и македонската репрезентација.

Во шкотскиот состав има добри вести со враќањето на Скот МекТоминај, кој повторно е на располагање по успешно извршената срцева интервенција. Нападот дополнително ќе биде засилен со Че Адамс, кој го пропушти претходниот репрезентативен собир поради повреда.

Словенечкиот селектор Боштјан Цесар, пак, го објави списокот за последните две средби против Швајцарија и Македонија. Меѓу новите имиња е и дефанзивецот на Аталанта, Реља Обриќ. Поради повреда ќе отсуствува Јуре Балковец, додека на списокот го нема ниту Бенјамин Шешко.

Швајцарија е лидер во групата со максимални 12 бодови, односно четири победи од четири натпревари. Првото место носи директен пласман во Лигата А, додека второпласираната селекција исто така има можност за промоција. Македонија досега нема ниту еден освоен бод.