ВИДЕО: Шкотска губеше прва, па со „покер“ ја почести Ерменија

Фудбалската репрезентација на Шкотска ја запиша втората победа во Лигата на нациите. Островјаните во Ереван ја совладаа Ерменија (1-4) во рамки на третата рунда и остануват во игра за првата позиција на табелата на која во моментов е Украина.

  • Ерменија - Шкотска 1-4:

Островјаните губеа први, но потоа му дадоа четири гола на ривалот. Хендикеп за Ерменија на овој натпревар беше што цело второ полувреме играше со играч помалку откако во 44. минута исклучен беше Ховханисјан поради втор жолт картон.

Се играше 6. минута од натпреварот кога поранешниот вардарец Барсегјан го проигра Бичакјан, а тој стрелаше во мрежата на Шкотска за предност. Оттогаш па до крајот, доминираше гостинот. Во првиот дел на сцена стапи Армстронг со два гола и донесе пресврт (1-2), додека во вториот дел Мегини и Адамс ги поставија конечните 1-4.

  • Молдавија - Андора 2-1:

На натпревар од Лигата Д, Молдавија дома ја доби Андора (2-1). Каимаков и Виеира стрелаа во првото полувреме, резултатот гласеше 1-1, а победата за домашниот тим ја донесе Николаеску од пенал во 50. минута од натпреварот.

Состави

Joaquin Caparros

5-3-2

    Steve Clarke

    3-4-2-1