Шкотите со сугестија до Ренџерс: Не го продавајте Миовски, дајте му шанса!

Во Глазгов сè погласни се пораките дека клубот треба да направи сè за да го задржи Бојан Миовски, откако македонскиот напаѓач повторно се запиша во листата на стрелци при победата над Данди Јунајтед.

Со овој погодок, Миовски стигна до својот петти гол во првенството, а воедно ја надмина и бројката од десет погодоци во сите натпреварувања во сезоната 2025/26. Иако неговото влијание во Глазгов на почетокот не беше на очекуваното ниво по трансферот од Џирона, судејќќи по настапите од Абердин, каде што претходно имаше импресивна сезона со 26 голови, напаѓачот постепено ја враќа формата.

Во изминатиот период, Миовски мораше да биде трпелив, особено поради изборот на тренерот Дани Рел, кој почесто им даваше предност во нападот на Јусеф Шермити и Рајан Надери. Сепак, шкотските медиуми велат дека придонесот на Миовски согласно неговата улога во тимот е одличен и мора да му се даде шанса во понатамошниот дел од сезоната, па и да се сочува за понатаму.

И покрај најавите дека Ренџерс ќе бара засилувања во офанзивниот дел во текот на летниот преоден рок, медиумите посочуваат дека задржувањето на Миовски треба да биде приоритет. Велат дека македонскиот репрезентативец и понатаму има потенцијал да даде значаен придонес и да стане клучна фигура во нападот на тимот од „Ајброкс“.