• Горан Упале
Македонската селекција до 17 години одигра одличен натпревар против Шкотска во Глазгов во квалификациите за место во елитната рунда за Европско првенство.
Водевме со 1-0, ни поништија регуларен гол, па примивме гол од офсајд за конечни 2-2. Покрај тоа, Фудбалската федерација на Македонија информираше дека Шкотска дури не дозволи македонските фудбалери да го одиграат натпреварот во темни дресови и опрема.
Нашите млади таленти на овој натпревар поддршка добија од нашите легенди и сегашни функционери во ФФМ, Горан Пандев и Ѓорѓи Христов кои се дел од репрезентацијата во Глазгов.