Шкендија замина на распуст, на 5 јануари тргнува во Тетово, потоа оди во Анталија

Екипата на Шкендија замина на распуст по крајот на есенската полусезона и веќе го дефинира планот за подготовки во зимскиот дел.

Тетовчани ќе бидат слободни до 5 јануари, кога е закажана првата прозивка од страна на тренерот Ернест Ѓока во Тетово. Таму ќе се работи одреден период, додека главната фаза на подготовки ќе биде во турска Анталија, од 23 јануари до 8 февруари.

Шкендија ја заврши полусезоната во ПМФЛ како второпласирана, со осум бода помалку во однос на лидерот Вардар.