Шкендија впиша минимален пораз од Сент Полтен во Анталија

Екипата на Шкендија одигра уште еден пријателски натпревар во турската Анталија и попладнево беше поразена од австрискиот Ст. Полтен со минимални 0-1. 

Тетовчани одиграа одлично прво полувреме, имаа и блага доминација во однос на ривалот, но Сент Полтен успеа да слави со единствениот гол на М'Буи, кој стрелаше прецизно во 77. минута.

Избраниците на Јетон Беќири имаа неколку убави шанси, а најзрелата ја пропушти Адем во 38. минута од натпреварот. Стратегот на Шкендија комбинираше со составот и проба неколку алтернативи за пролетната полусезона. 

Последен пријателски натпревар за Шкендија во Анталија ќе биде оној против украинскиот гигант, Динамо Киев, кој ќе се одигра на шести февруари.