• Иван Димовски

Фудбалерите на Шкендија мора да го материјализираат киксот на Шкупи и ремито кај Академија Пандев, со што целосно и полноправно ќе се вратат во битката за титулата. Тетовчани во последниот натпревар од 22. коло на ПМФЛ ќе гостуваат кај екипата на Скопје.
Аутсајдерот треба да се надмине себеси за да го изненади фаворитот, особено бидејќи е во лоша серија. Од друга страна избраниците на Ќатип Османи се во добра форма и врзаа две победи во првенството. Сега, пред гостувањето во главниот град имаат шанса да се приближат зад второпласираниот Шкупи на само два бода.
Скопје долго време нема позитивен резултат тетовчани, поточно од ремито без голови во мај 2018 година. Оттогаш Шкендија победи седум пати и се очекува така да биде и денес. Всушност, скопјани не знаат за ниту една победа против денешниот противник во сите меѓусебни дуели од 2010 година досега.
Натпреварот на стадионот „Железарница“ се игра денес во терминот од 15:00 часот.