• Иван Димовски

Фудбалерите на Шкеднија по голема драма и пенал-рулет во кој славеа со 4-5 (во регуларното време беше 2-2) ја победија Струга во полуфиналето на Купот на Македонија. Натпреварот на „Градскиот стадион“ во Струга понуди голема борба, а гостинската екипа буквално во последните секунди избегна пораз и елиминација.
- Головите од натпреварот:
Домашната екипа подобро го отвори натпреварот и тргна офанзивно. Првата посериозна закана ја имаше преку Гледи Мици кој со волеј ја погоди пречката. Шеесетина секунди подоцна, Фал и Шабани проиграа добро по левата страна, па Сенегалецот упати незгодна топка во петерецот. Таму Фетаи не реагираше најдобро, а топката падна на втората статива кај Марјан Радески кој лесно погоди за 1-0 во 13. минута. Во продолжението од средбата екипата на Шкендија се обидуваше да се наметне, меѓутоа не успеваше да креира речиси ништо опасно.
Најдобро за тоа зборува фактот дека првиот удар во рамките на голот тетовци го имаа во вториот дел преку Нзенгуе. Мораше тренерот Јетон Беќири да реагира и од клупата влезе капитенот Бесарт Ибраими. Најдобриот стрелец во мак-фудбалот успеа да постигне гол против својот поранешен клуб во 74. минута, откако доби топка низ одбраната на стружани од Красниќи (1-1). Иако првичната одлука на теренот беше офсајд, по неколкуминутна проверка во ВАР собата голот на Ибраими беше потврден.
Радоста на тетовци траеше кратко, бидејќи веќе во 82. минута Струга пак поведе, овојпат преку Меметриза Хамза. Крилниот фудбалер и младински фудбалер на Македонија даде страшен гол директно од слободен удар. Иако прекршокот беше откосо, Хамза со многу ефе биеше преку ѕидот и погоди директно во аголот од голот на голманот Гаје за 2-1. До крајот на средбата Шкендија се обиде да се врати резултатски, а до егал стигна буквално во последната секунда преку Имран Фетаи. Стоперот по слободен удар на Красниќи доби одложена топка на петерецот од Трумчи и стрела за израмнување (2-2) буквално во последните секунди од средбата. Во пенал серијата први погодија Компаоре и Ибраими, во втората реализираа Хамза и Красниќи. Прв преку голот префрли Јевтовски од Струга, па Љатифи со доза на среќа го матира Анџелети кој ја имаше топката на рака (2-3). Следни погодуваа Малески и Трумчи, за во последната серија Бојку и Спахиу да бидат сигурни и Шкендија да победи со 4-5.
- Пенал серијата во Куп-дербито:
Шкендија е четвртиот полуфиналист во Купот, а таму вкрстува со Шкендија Арачиново. Во второто полуфинале ќе се судрат Силекс и Охрид.




