• Мартин Танасковски

Македонскиот клуб Шкендија ги продолжи пријателските натпревари во Словенија и одигра реми против Зрињски Мостар (3-3) во третиот контролен натпревар.
По ремито со Ференцварош (1-1) и триумфот над Марибор (1-0), тетовчани понудија интересна фудбаска претстава со шест гола во која трипати изедначуваа. Во првиот дел резултатот беше 1-1, единствениот гол го даде Ферхан Хасани.
Во второто полувреме Зрињски уште двапати доаѓаше до предност, ама не победи. На 2-2 изедначи Мијатовиќ со автогол, додека конечните 3-3 ги постави Садриу.
Следниот пријателски натпревар на тетовчани ќе биде на 25 јуни.