ФОТО: Шкендија спремна за подвиг, АИК со „разнишана“ клупа дојде во Скопје

По неуспехот на Шкупи да се квалификува во плеј-офот на Лига Европа и преселбата во плеј-офот на Конференциската лига на УЕФА, последна европска шанса има и Шкендија. По пет натпревари без пораз во Конференциската лига, екипата на Артим Шаќири дојде до клучниот натпревар. Победа против АИК Солна ќе значи историја за македонскиот вицешампион.

Фудбалерите од Тетово вечерва тренираа на Арената „Тодор Проески“. Шаќири ги „измеша“ картите и неизвесно е со каков тим ќе им се спротистави на Швеѓаните утревечер. 

Попладнево со директен лет од Стокхолм и фудбалерите на АИК пристигнаа во Македонија. Со не баш најдобра клима и притисок врз стручниот штаб, фудбалерите на АИК одработија едночасовна тренинг сесија и го почувствуваа тревникот на нашиот најголем стадион.

Натпреварот Шкендија - АИК се игра в четврток од 20:00 часот.