Шкендија со украинска Зорја ќе го има последниот тест пред ЛШ

Актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија го договори последниот пријателски натпревар во Словенија и пронајде противник.

Последен тест пред настапот во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе биде украинска Зорја. Натпреварот меѓу двата тима ќе се игра в понеделник од 17:00 часот и ќе биде последна проверка пред двомечот со естонски Номе Каљу.

Тетовчани досега одиграа три пријателски натпревари во Словенија. Славеа со минимални 1-0 над Олимпија Љубљана и Жилина, додека минимално загубија (0-1) од Злин.