ВИДЕО: Шкендија со два гола од пенал ја продлабочи кризата на Работнички

Екипата на Шкендија конечно врза две победи во домашниот шампионат. Попладнево на затворањето на 14. коло на ПМФЛ, на гостински терен славеше со 1-2 против Работнички, откако Агим Ибраими во самиот финиш од мечот со својот втор погодок го расплака домаќинот и на својата екипа ѝ донесе големи три бода. 

Дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ започна супер-возбудливо, откако по само 19 минути игра постигнати беа два гола, по еден во двете мрежи. 

Резултатот го отвори домашната екипа, која благодарение на Шаркоски кој ја закова топката во мрежата на Шкендија, донесе водство водство од 1-0. Но, радоста на „романтичарите“ траеше кратко. Шампионот, по примениот гол влезе во ритам и го нападна голот на противникот, а тоа резултираше со најстрога казна, која во гол ја претвори Агим Ибраими (1-1). 

До крајот на првиот дел воглавно се играше на средината на теренот, а поблиску до втор гол беше фенерџијата. По една одлична тимска акција Шаркоски доби прецизна топка во празно и излезе сам пред Захов, но не успеа да ја реализира големата шанса и биеше во гостинскиот голман.  

Во вториот дел темпото на игра спласна. Двете екипи играа резервирано и без поголем ризик, па затоа изостануваа шансите. Првото возбудување во продолжението пристигна во 63. минута, кога младиот Имери не успеа добро да ја исконтролира топката и дозволи Шишковски навремено да интервенира.

На спротивната страна пак, Захов запиша неверојатна одбрана и спаси чист погодок на Работнички. Капитенот Силјановски биеше силно и прецизно, но искусниот голман со крајни напори не дозволи нова домашна радост.

Во самиот финиш од мечот „романтичарите“ останаа со играч помалку, исклучен беше Силјановски, а Шкендија бројчаната предност ја искористи во самиот финиш, кога повторно од најстрога казна прецизен беше Агим Ибраими за конечни 1-2.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15