• Мартин Танасковски

Македонските претставници во еврокуповите, екипите на Шкендија, Работнички и Силекс, ги договорија пријателските мечеви пред квалификациите.
Шампионот Шкендија е веќе во Словенија, а со контролни дуели започнува во вторник, 17 јуни, против романскиот тим Аргеш Питешти во Зрече, а ќе продолжи со средби против Копер од Словенија, ЦСКА Софија од Бугарија и Олимпија Љубљана од Словенија.
Силекс, пак, договори двомеч со Работнички. Првиот дуел меѓу овие два тима е закажан за во вторник (17 јуни) во Кратово, додека вториот ќе се одигра во сабота (21 јуни) во Скопје (17.30 часот).