Шкендија со четири пријателски средби пред квалификациите за ЛШ

Македонскиот фудбалски првак Шкендија закажа четири пријателски средби како подготовка за првото коло од квалификациите од Лигата на шампионите кое ќе се игра на почетокот на август.

Избраниците на Ѓока првиот контролен натпревар ќе го имаат на 16 јуни, а прв ривал ќе биде косовска Приштина (на гости во Косово). Потоа ќе следи натпревар против Шкупи (21 јуни, Охрид), како и меч против Лачи од Албанија (25 јуни, Охрид).

Последниот дуел пред Лигата на шампиините ќе биде на 29 јуни во Банско против бугарска Софија. Ждрепката за првото квалификациско коло е на 15 јуни, а тетовчани се меѓу носителите.

Можни ривали се Рига (Летонија), ХЈК Хелсинки (Финска), Линфилд (С. Ирска), Фола Еш (Луксембург), Шахтјор Солигорск (Белорусија), Нефтчи Баку (Азербејџан), Макаби Хаифа (Израел), Шамрок (Ирска), Коханс (Велс), Валур (Исланд), Бодо (Норвешка), Мура (Словенија), Теута (Албанија), Борац (БиХ) и Хамрун (Малта).