Шкендија со 54% шанси за пласман во плеј-офот на Конференциската лига!

Тетовска Шкендија одигра нерешено против полската Јагјелонија (1-1), со што стигна до вкупно четири бода по три одиграни натпревари во Конференциската лига. 

Ова автоматски значи дека тимот на Јетон Беќири во моментов има 54% шанси за пласман во плеј-офот на најновото натпреварување на УЕФА, но за да ја оствари таа цел, ќе мора да освои што е можно повеќе бодови во следните три мечеви. 

Најголема шанса за такво нешто Шкендија ќе има на гостувањето кај косовската Дрита, каде ќе се бори за победа и евентуален нов историски успех во Европа. 

Во секој случај, со ремито против Јагјелонија, Шкендија го зголеми и коефициентот на македонскиот клупски фудбал за 0,250 поени, со што се доближивме до земји како Литванија и Северна Ирска, а ги надминавме првенствата на Андора, Луксембург и Белорусија.