• Горан Упале
Тетовска Шкендија ја оправда улогата на фаворит против Европа од Гиблартар и се пласираше во второто коло од квалификациите за лигашката фаза од Конференциската лига.
„Црвено-црните“ во Скопје славеа со 1-0 и со вкупни 5-0 патуваат понатаму во овие квалификации, а сега пред себе имаат словенечки предизвик. Следен противник за Шкендија ќе биде тимот на Браво од Словенија, кој беше слободен во првото коло.
Првиот натпревар се игра на словенечко тло на 23 овој месец, додека седум дена подоцна на 30 јуни е закажан реваншот во Скопје.
Инаку, Шкендија атакува кон нов голем успех и пласман во лигашкиот дел од Конференциската лига, во која минатата сезона успеа да стигна дури и до елиминационата фаза.

