• Мартин Танасковски

Крилниот напаѓач Себастијан Спахиу повеќе нема да биде дел од редовите на Шкендија. Клубот од Тетово и фудбалерот постигнаа заеднички договор за предвремен раскин на соработката.
Шкендија му се заблагодари на Спахиу за придонесот што го даде во периодот поминат во клубот и му посака многу успех во продолжението од неговата кариера.
Со ова завршува престојот на офанзивецот во таборот на актуелниот македонски претставник на европската сцена, кој во наредниот период ќе бара нова средина за продолжување на својата кариера.
Спахиу дојде во Шкендија во 2025 година од Иран, а претходно настапуваше за Егнатиа, Лачи, шпанските Изара и Гуиељо и белгиски Мускрон.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.






