• Саше Љолес

Управата на тетовска Шкендија не чекаше многу за да најави ново засилување за следната сезона. Нов играч на македонскиот шампион е младинскиот репрезентативец, Имран Фетаи, кој добива тригодишен договор.
Фетаи во минатото играше за Беса, Гостивар и Тиквеш, а сега повторно се враќа во клубот каде ги направи своите почетоци, но овој пат со далеку поголемо искуство.
22-годишниот Фетаи минатата сезона ја мина во Беса 1976 и одигра 28 натпревари за прволигашот од Добри Дол.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

