• Горан Упале

Фудбалерите на Шкендија одлично го отворија пријателскиот натпревар против тимот на Грасхоперс, откако по само 20 минути игра имаат предност од сигурни 2-0.
Избраниците на Ќатип Османи, доста мотивирано го започнаа денешниот меч во Анталија и швајцарската мрежа ја затресија по само 21 секунда, откако на перфектниот центаршут на Мици, сопствената мрежа несреќно ја затресе Диани.
За втората тетовска радост се погрижи искусниот Емини, кој најпрво со фудбалски потег се ослободи од директниот чувар и на мајсторски начин ја смести топката во мрежата на швајцарскиот тим.
Сепак, дуелот во Анталија најверојатно нема да го доживее својот крај, бидејќи заради големото невреме, истиот е прекинат во 37. минута.
Во редовите на швајцарскиот тим шанса од првата минута доби поранешниот младински репрезентативец Никола Ѓорѓев.