• Мартин Танасковски
Македонскиот шампион Шкендија одигра нерешено 2-2 против украинска Зорја Луганск во пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона.
Украинскиот тим прв стигна до водство преку Јелавиќ, кој погоди во 21. минута. Шкендија брзо возврати, а Трумчи во 30. минута го израмни резултатот на 1-1, со што се замина на одмор.
Во второто полувреме Зорја повторно поведе, овојпат преку Јањиќ во 65. минута. Сепак, тетовскиот тим не се предаде и само седум минути подоцна Тамба ја затресе мрежата на противникот за конечни 2-2.
За Шкендија ова беше уште една корисна проверка во пресрет на официјалниот почеток на сезоната и европските предизвици што ја очекуваат во квалификациите.











