Шкендија „раскина“ со Мевљан Адили

Екипата на Шкендија направи промена во својот тим и од обврските го ослободи 24-годишниот дефанзивец Мевлан Адили.

Адили во Тетово пристигна во 2018 година, но откако не се изнаигра, посебно во последниот период, раководството реши да му се заблагодари за соработката. Тој имаше уште шест месеци договор со Шкендија, но двете страни го раскинаа предвремено.

Дефанзивецот во Тетово пристигна од романски Арад, а во кариерата настапуваше уште за Шкупи.