Шкендија продава еден голман, а носи нов од Бугарија?

Екипата на Шкендија би можела да прави промени на голманската позиција, барем според најавите кои доаѓаат од Бугарија, од каде се вели дека еден тамошен голман е договорен со македонскиот првак.

Се работи за 29-годишниот Ферди Мујмунов, кој последната сезона беше во Германија каде играше за Туркгучу Фридберг. Низ кариерата тој настапуваше и за Вихрен, Нефтохимик, Левски Карлово, Борислав Првомај...

Во изјава за „Котаспорт“, Мујмунов истакна дека неговите лични услови со Шкендија се договорени, но се чека клубот да го продаде еден од голманите. Во тимот прв голман е Костадин Захов, а тука се уште Ферат Рамадани и Беким Реџепи.

Шкендија ја чека настап во квалификациите за ЛШ каде е носител. Ждрепката е на 15 јули.