• Иван Димовски

Фудбалерите на Шкендија убедливо славеа на генералката пред стартот на втората полусезона во ПМФЛ, откако на свој терен ја совладаа Каменица Саса со 4-0 (1-0).
Второлигашот пружи солиден отпор во првиот дел, ама немаше сили да го задржи шампионот и во продолжението прими три погодоци. Тренерите им дадоа шанса на сите играчи, ги тестираа силите, а тренерот Бруно Акраповиќ веќе веројатно доби и појасна слика за стартниот тим во новата полусезона.
Околу натпреварот, резултатот го отвори Аденис Шала во 38. минута за 1-0 на полувремето. Во продолжението Синдриг Гури зголеми на 2-0, додека погодок постигна и Кире Марковски. Конечните 4-0 ги постави искусниот Буба Хасани во 72. минута.
Шкендија веќе овој викенд ја очекува дуел од 19. коло на ПМФЛ, на 13 февруари ќе го дочека Струга Трим Љум.