ВИДЕО: Шкендија во четири минути прими два гола во Ваљекас!

Екипата на Рајо Ваљекано во средината на првиот дел дојде до сигурна позитива во дуелот со Шкендија во рамки на првото коло од Конференциската лига на УЕФА.

Од две контри, домашниот тим дојде до два гола и тоа во временски интервал од четири минути. Прво, течеше 28. минута кога Унаи Лопез донесе 1-0 за Рајо Ваљекано, а потоа следеше уште еден гол во 32. минута на Фран Перез, за 2-0.

За Шкендија ова е прв меч во една групна фаза на УЕФА натпреварување. Тетовчани на ова гостување важат за аутсајдери, па бодови во Европа ќе бараат на домашните средби.