Шкендија патува во Косово ако испадне од ФЦСБ во ЛШ!

Екипата на Шкендија го доби можниот ривал доколку испадне од Лигата на шампионите и се пресели во квалификациите за Лигата на Европа.

Ако тетовчани испаднат од ФЦСБ, тогаш ќе се соочат со косовска Дрита. Косовскиот првак испадна од Копехнаген во Лигата на шампионите.

Овој тим е предводен од македонскиот тренер Зекрија Рамадани, а во тимот има двајца македонски фудбалери, тоа се Егзон Бејтулаи и Блертон Шеји.

Победникот од овој двомеч ќе игра во плеј-офот за Лигата на Европа, а ќе има место најмалку во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА.