ВИДЕО: Шкендија отвори со пораз, Пандев со ЕВРОГОЛ донесе радост за „пандевци“

Шампионот Шкендија со неуспех ја отвори новата сезона на ПМФЛ, откако на гости кај освојувачот на Купот, Академија Пандев беше поразен со минимални 1-0 (0-0), во меч во кој блескаше домашниот голман Чубраковиќ, а Сашко Пандев даде прекрасен гол од слободен удар, за голема домашната радост во Струмица. 

Избраниците на Ќатип Османи отворија помотивирано и поотворено и уште во раната фаза од мечот имаа неколку изгледни шанси за погодок, но домашниот голман Чубраковиќ беше расположен и ги неутрализираше сите закани кон својот гол. 

Првото возбудување пристигна во 10. минута, кога Агим Ибраими од слободен удар биеше прецизно, но српскиот голман беше на висината на задачата и одлично одбрани. Во продолжение од акцијата левиот бек Мици испрати „бомба“ кон домашниот гол, но Маслаќ стави глава каде некој не става нога и спаси чист гол и водство на шампионот. 

„Пандевци“ никако не можеа да одговорат на налетот на Шкендија, играа во грч и брзоплето, но имаа среќа што на голот го имаа расположениот Чубраковиќ, кој повторно блесна и му фати зицер на Стенио Жуниор, па на полувреме мрежите мируваа во Струмица. 

Ниту на стартот од вториот дел настаните на мечот не се променија. Тетовчани беа тие кои напаѓаа, креираа шанси, но Академија Пандев беше таа која прва се радуваше на погодок. Капитенот Сашко Пандев во стилот на својот брат Горан, од слободен удар фантастично го надмудри Захов и донесе водство за својата екипа од 1-0. 

По примениот гол, Ќатип Османи веднаш реагираше и го освежи нападот со Радески, но ниту македонскиот репрезентативец не успеа да најде решение за домашната одбрана. Отворениот пристап тетовчани можеше да ги чини нов удар, но овој пат Захов беше на сигурно место при ударот на Стојкоски. Во самиот финиш од мечот Чубраковиќ конечно беше совладан, но голот на Шефити беше поништен поради офсајд ситуација во која се наоѓаше асистентот Мици. Агонијата на тетовчани продолжи со пречката на Бејтулаи, а во судиското надополнување голема шанса пропушти и Радевски. 

Во следното коло Академија Пандев гостува кај Македонија Ѓорче Петров, додека Шкендија првата победа ќе ја брка против Силекс во Кратово. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 6 4 2 0 7:1 6 14
2 ВардарВардар 1 6 4 1 1 8:3 5 13
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 6 3 2 1 10:6 4 11
4 ШкупиШкупи 6 2 2 2 7:7 0 8
5 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 6 2 2 2 6:8 -2 8
6 ШкендијаШкендија 2 6 2 1 3 6:4 2 7
7 РеноваРенова 2 6 2 1 3 5:8 -3 7
8 СилексСилекс 1 6 2 0 4 8:8 0 6
9 РаботничкиРаботнички 1 6 2 0 4 5:9 -4 6
10 БорецБорец 3 6 1 1 4 2:10 -8 4