• Саше Љолес
Актуелниот шампион на Македонија, тетовска Шкендија, со поразот од Дрита во Конференциската лига на УЕФА си го отежни патот за пласман во плеј-оф фазата, но сѐ уште има шанси за учество во главната рунда.
Косовската Дрита победи со минимални 1-0 и со тоа обезбеди нокаут-фаза, додека Шкендија остана со 33% шанси за приклучување во ова друштво.
Мисијата секако нема да биде лесна, зашто Шкендија во последните две кола се соочува со силни противници - Слован Братислава и АЕК Ларнака.
Надежите за позитивни резултати секогаш постојат, но избраниците на Јетон Беќири ќе мора добро да се испотат за да освојат уште некој бод во најновото натпреварување на УЕФА.
Најпрво ќе го пречекаат Слован на домашен терен на 11 декември, а гостувањето во Ларнака е закажано за седум дена подоцна.


