• Горан Упале
Енур Тотре и официјално во следната сезона нема да го носи дресот на Шкендија. Ова денес го потврди тетовски клуб на својата официјална интернет страница.
По едногодишната позајмица Енур Тотре се враќа во таборот на украинскиот тим Ворскла Полтава.
„Шкендија искрено му се заблагодарува на Енур Тотре за неговата посветеност во времето поминато со нас. Воедно, изразуваме посебна благодарност до Ворскла Полтава за соработката и поддршката при оваа позајмица. На Енур Тотре и Ворскла Полтава им посакуваме успех во нивните спортски патувања“, велат од редовите на Шкендија.
27-годишниот играч за врска минатата сезона одигра 31 натпревар за Шкендија во ПМФЛ и постигна пет гола.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.